Се укинуваат сертификатите за влез во државава
Комисијата за заразни болести предлага да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на ковид за влез во земјава, но ќе мора да се поседува за влез во ресторани и барови. Предлогот на Комисијата „влез во земјава без сертификат“ треба да го одобри Владата...

Укинување на сертификатите за влез во државава, без разлика дали се работи за наши државјани и или странски кои ја посетуваат земјава. Нова препорака од Комисијата за заразни болести. Од таму велат дека и понатаму внимателно ќе ги следат мерките, а ќе се укинуваат постепено, за да не се влоши епидемиолошката состојба. Во случај да настапи влошување, некоја од рестриктивните мерки која е укината ќе биде вратена на сила.
Граѓаните сè уште не се опуштаат. Според нив е многу рано за да се фрлат маските. Велат сè уште постои опасност од разгорување на пандемијата со Ковид-19.
Низ улиците и маркетите може да се забележи дека дел од потрошувачите и од продавачите носат маски, а дел не. Според нив, секој може сам да одлучи дали ќе носи маска или не, маската ја доживуваат како дополнителна заштита, затоа што короната сè уште постои.
Останува на сила мерката за поседување сертификат за прележаност или вакцинираност за влез во рестораните и во кафетериите, освен во отворениот дел.
Александра Спировска
