МОН и СОНК не се договорија, штрајкот продолжува
Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови. Нема конкретно ветување за зголемување на платите, соопшти првиот човек на СОНК, Неделков, по средбата со министерот за образование и наука, Шаќири...

Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови. Немаме конкретно ветување за зголемување на платите. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков по средбата со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Нагласи дека за да се прекине штрајкот и да почне наставата треба да одлучи членството, а ќе одлучи само врз основа на конкретен предлог што би го прифатиле мнозинството од членовите.
Неделков додаде дека очекуваат МОН овие денови да излезе со конкретен предлог, па и со некаков допис, како гаранција за тоа што ќе се договори. Според него, и двете страни имаат ист став дека преговорите мора да се интензивираат, што побрзо да се најде заедничко решение за да можат децата да одат во училиште и да имаат редовна настава.
На средбата, како што информираше Неделков, повеќе се разговарало во делот на продолжување на наставата и како ќе се надополнат часовите.
