МВР

Приведен дилер во Тетово, пронајдени половина килограм хероин, 100 грама кокаин

13.04.2022 18:21

Полициски службеници денеска околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М...

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово денеска околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М., затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица "Железничка" во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.

Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.