Дипломатија

Министерот за надворешни работи на Романија утре во официјална посета на Скопје

13.04.2022 18:39

Во рамките на посетата, министерот Ауреску, ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски...

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, кој ќе престојува во официјална посета на Скопје, информираат од МНР.

Во рамките на посетата, министерот Ауреску, ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.