Македонија

Вработените во Пошта добија ветување за зголемување на платите

14.04.2022 14:42

Генерален штрајк во Пошта. Управниот одбор на синдикалните организации им понудил од 1-ви јуни годинава, линеарно да се зголемат за 3.000 денари платите на 1.700 вработени од оперативниот дел, а од 1-ви август и на административните службеници...

Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во оперативниот дел во „Македонска Пошта“ од 1-ви јуни, а за останатите од администрацијата од 1-ви август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот.

Генералниот директор Макрадули, информираше дека вработените ги почитуваат законските обврски за работа и испорака на пратките во услови на штрајк. Со оглед дека се почнати преговорите. Вели, дневниците на вработените ќе им бидат исплатени. 

Претседателот на Синдикатот на Македонска пошта рече дека интензивно преговараат со раководството. Откако официјално ќе ја добијат понудата и ќе ја потпишат спогодбата, штрајкот ќе биде прекинат.

 

Александра Спировска