Петровска во Косово: Зацврстување на безбедноста во регионот
Северна Македонија како членка на НАТО е целосно посветена на зацврстување на безбедноста во регионот со учество во мисијата КФОР на Косово, истакна Министерката за одбрана Петровска на средбата со својот косовски колега Мехај во Приштина.

Министерката за одбрана Славјанка Петовска, денес во еднодневна работна посета на Косово. Северна Македонија како членка на НАТО е целосно посветена на зацврстување на безбедноста во регионот со учество во мисијата КФОР на Косово, истакнала министерката за одбрана Петровска на средбата со својот косовски колега Мехај во Приштина.
Министерот Мехај се заблагодарил за учеството на македонските војници во мисијата КФОР и за вклучувањето во регионални иницијативи за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан. Двајцата министри потпишале меморандум за соработка како продолжување на воспоставената одбранбена соработка со меморандумот од 2010-та година. На средбата со заменик-командантот на КФОР, италијанскиот бригаден генерал Лука Пиперни се заблагодарил за професионалниот македонски контингент војници во КФОР и за логистичката поддршка на мисијата на Косово.
Министерката за одбрана се сретна и со 74 македонски војници во Регионалната команда на КФОР-Запад, во Пеќ.
