Што ќе гледате во петок во „Македонија наутро“?
Христијаните кои се водат по Грегоријанскиот календар в недела ќе го прослават најголемиот празник - Велигден. Верниците ги прават последните подготовки...

Нова одлука на Министерството за економија. Граѓаните ќе можат да купат масло само во ограничено количество. Нема веќе купување цели пакети, односно нема да може да се складираат резерви - сончогледовото масло ќе се купува по едно или неколку шишиња.
Бројот на предметите кои се решаваат со медијација во земјава постојано расте што е добра вест. Постапката која е апсолутно доверлива,притоа штеди пари и време на странките, но избелгнува и долги и скапи судскис порови ја подддршува и поттикнува и Стопанската комора на Македонија како еден од најдобрите начини за решавање на споровите меѓу компаниите. На оваа тема разговараме со Јелисавета Георгиева-Јовевска.
Речиси секој втор угостителски објект бара работници. Дел нив за време на паднемијата се преквалификуваа и најдоа друга работа, но најголем дел од готвачите и келнерите заминуваат да работат во странство. Пандемијата и карантините ги намалија и гостите во угостителските објекти кои се жалат на преполовен промет. Состојбата во угостителскиот сектор и можните решенија за излез од кризата тема на анализа со Здравко Јосифовски – претседател на Независна угостителска комора.
Западните лидери и натаму со силни пораки за поддршка на Украина. Во меѓувреме Обединетото Кралство и Холандија ја презедоа заштитата на небото над Романија и Бугарија. Треба ли да не загрижува фактот дека најмодерните и најскапи борбени авиони во светот го чуваат небото на земјите блиску до нас? Западните лидери обвинуваат за геноцид, Русија негира. Помеѓу лажните и вистинските вести народот страда, а бројот на цивилни жртви расте. Има ли сеуште надеж за дијалог и прекин на огнот? Тема на којашто анализираме со деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски.
Христијаните кои се водат по Грегоријанскиот календар в недела ќе го прослават најголемиот празник - Велигден. Верниците ги прават последните подготовки, а за нив од линковското вклучување на колешката Сузана Апостолова од црквата „Пресвето срце Исусово“.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
