Локализиран пожарот во поранешната фабрика „Треска“
Интервенираа повеќе екипи на противпожарната бригада. Граѓани велат дека се слушнала и експлозија. Градоначалничката на Скопје, Данела Аровска која беше на местото на пожарот изјави дека постои сомнеж дека пожарот е подметнат...

Голем црн чад на центарот на Скопје. Локализиран пожарот кој попладнево избувна во поранешната фабрика „Треска“. Интервенираа повеќе екипи на противпожарната бригада. Граѓани велат дека се слушнала и експлозија.
„Благодарение на брзата интервенција не дозволивме проширување на пожарот на околните објекти во кругот на фабриката. Нема повредени пожарникари, ниту граѓани. Истражните органи ќе ги утврдат причините за настанува на пожарот“, изјави командирот на Противпожарната бригада.
Градоначалничката на Скопје, Данела Аровска која беше на местото на пожарот изјави дека постои сомнеж дека пожарот е подметнат.
Тоа е информација којашто ја добивме и од соседите коишто живеат тука и непосредно виделе лица на овој потег, изјави Арсовска. Таа додаде дека се надева дека институциите ќе сторат сè што е во нивна надлежност, да преземат мерки и да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност.
Она што го добиваме како информација е дека повеќе пати на овој потег се случуваат пожари. Јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба со овој потег тука, меѓутоа и пред сè не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нагласи Арсовска.
