Османи во посета на Босна и Херцеговина
Во фокусот на разговорите посебен интерес ќе биде посветен и на процесот на интеграцијата во Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и војната во Украина и нејзиното влијание врз нашиот регион и пошироко.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, информираат од МВР.
Главни теми на разговор на средбата со заменик-претседателката на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина и можностите за натамошно надградување на соработката во интерес на двете држави и граѓани.
Во фокусот на разговорите посебен интерес ќе биде посветен и на процесот на интеграцијата во Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и војната во Украина и нејзиното влијание врз нашиот регион и пошироко.
Се очекува, Османи да биде примен и во Претседателството на Босна и Херцеговина.
