Пожар „Треска“
Нов пожар кај фабриката „Треска“
15.04.2022 10:58
Градоначалничката Арсовска се сомнева дека пожарот е подметнат...

Се расчистува теренот од пожарот кај фабриката „Треска“. И изутрината околу пет часот, противпожарните екипи повторно интервенирале,избиле огнени јазли, во продавницата за бои и лакови во непосредна близина на магацините што вчера попладне беа пеплосани од огнот што се прошири и кон соседните куќи.
Градоначалничката Арсовска се сомнева дека пожарот е подметнат. Во следните неколку дена ќе има дежурен тим кој ќе го надгледува местото за да се спречи нов пожар.
