Противпожарни екипи го расчистуваат теренот од пожарот, продолжуваат да дежураат
Противпожарните екипи на терен, нов пожар избил утрово во околината на фабриката „Треска“. Интервенирале во непосредна близина на придружните објекти што вчера попладне беа пеплосани од огнот што се закануваше на соседните куќи. Од МВР сè уште нема информации, истрагата е во тек...

Нов пожар избувна во кругот на поранешна „Треска“. Противпожарните екипи успеаја да се справат со пламените јазици, бидејќи веќе беа таму и внимаваа да не се разгори повторно стихијата со која се бореа ден претходно. Екипите за гасење продолжуваат да дежураат.
Ова не е првпат да се запали „Треска“. Поранешна вработена во фабриката сведочи дека во објектите има останато големи количини бои, лакови и дрво, но и резервоари со гориво кои се лесно запаливи.
Соседите сè уште под импресии од тоа што се случило.
Пред 17 години фабриката „Треска“ оди во стечај, а вработените до денес не можат да ги добијат заостанатите плати и придонеси.
Површината на локалитетот изнесува 6,3 хектари, а погоните и придружните објекти на фабриката се вон употреба и во многу лоша состојба. За овој дел на Скопје подолг период има планови за урбанизација. Инвеститорите притискаат да се гради, Општината распиша конкурс, но решенијата сè уште не се јавно презентирани, за што реагираа урбанисти.
Анита Д. Велковска
