Одбележан Светскиот ден на хемофилијата

15.04.2022 13:59

Во земјава има 300 лица со хемофилија. Околу 200 од нив се со тип А и стотина со тип Б. Воведен е нов препарат за поткожна апликација кој го примаат оние со тешка хемофилија, но потребни се и нови терапии кои ќе им овозможат подобар живот – апелираат од Здружението на хемофиличари. Бараат и поголем буџет за ортопедски операции...

Подобрена е терапијата која ја примаат, воведен е нов препарат за поткожна апликација кој го примаат лицата со тешка хемофилија, но постојат и други фактори со продолжено дејство кои ќе им го олеснат секојдневниот живот. На Светскиот ден на хемофилијата, предрасудите сè уште ги притискаат семејствата и пациентите да ја кријат болеста.

Хемофилијата е наследна состојба која се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крвавењето. Потребни се повеќе пари за да се подобри лекувањето.

Во земјава има околу 300 хемофиличари. Светскиот ден одбележан со пуштање црвени балони, садење 17 рози пред Центарот за хемофилија и боење на платото пред трите најважни места каде се згрижуваат лицата со хемофилија и останатите коагулопатии.

Александра Спировска