Протест на струмичките земјоделци
Тие еден час ја блокира раскрсницата пред Трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица, поради ниската откупна цена на зелката. Бараат надлежните да преземат активности со цел загарантирана откупна цена во спротивно ќе ги радикализираат протестите.

Стартуваше со 30 денари откупна цена пролетната зелка, денес цената е 15. Струмичките земјоделци денес еден час ја блокираа главната сообраќајна артерија во Струмица. Раноградинарите со механизација се собраа на мирен протест. Побараа надлежните да се слушнат нивните барања, но и стабилизација на ниските откупни цени, поголеми контроли од земјоделскиот инспекторат за манипулациите од страна на трговците при откупот на зелката.
Земјоделците денес најавија дека доколку од Министерството за земјоделство заедно со инспекторатот ги игнорираат нивните барања ќе ги радикализираат протестите.
Покрај откупот на раната зелка во струмичко на голема врата се појавува и доматот, краставицата и пиперката. Откупните цени и за овие производи засега остануваат без договорени цени, но и количини за откуп.
Стојне Митева
