Генчовска: Бугарското МНР не добило никаков официјален документ
Разногласие меѓу бугарското МНР и тимот на премиерот Петков за позицијата кон земјава. Генчовска не очекува до јуни да падне ветото. Османи уверува дека интензивно се трага по решение, ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да го обелодени документот испратен до Софија...
До бугарското Министерство за надворешни работи не е пристигнат никаков официјален документ, туку предлог- протокол којшто не беше задоволителен, коментира министерката Генчовска. Таа за тамошните медиуми вели дека има несогласувања меѓу министерството и тимот на Петков за Македонија. Не очекува до јуни да се крене ветото зашто смета дека нема време да се вметнат Бугарите во нашиот Устав.
Софија ги обдила предлозите од Скопје уште во февруари и посочила дека кога ќе има суштествен напредок, тие ќе испратат контрапредлози за доближување на позициите. Разговорите продолжуваат. Бугарскиот премиер Петков кусо одговара – не сум потпишал никаков документ.
„Никаков документ јас не сум потпишал од бугарска страна. Секогаш сме се се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република Северна Македонија“, нагласи Петков.
Министерот Османи потеницира дека со источниот сосед разговорите се во интензивна фаза за надминување на разликите, со цел подигање на рампата за преговори со ЕУ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика османи да го објави документот за да се види што точно е опфатено во него.
„За ова треба да дадат одговор денес, а не да молчат и да кријат цело време зошто тој документ е таен и што има Владата да сокрие од македонската јавност? Доколку сè е како што велат, во интерес на граѓаните, зошто би го криеле. Тоа нас ни дава право и како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните да се сомневаме дека се подготвува ново предавство на штета на националните и државните интереси и тоа за нас, потенцираме, дека е неприфатливо и ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати таков штетен договор“, нагласи Арсовски.
Засега состојбите остануваат статус кво. Земјава останува блокирана од Бугарија за старт на пристапните преговори со ЕУ. Викендов, бугарскиот премиер Петков ќе престојува во Битола.
Миле Ристески
