Одбележана 30 годишнината на Командата за обука и доктрина
Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ одбележана 30 годишнината на командата за обука и доктрина. Министерката за одбрана Петровска рече дека целта е создавање НАТО офицери, подофицери и професионални војници.

Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ одбележана е 30 годишнината на Командата за обука и доктрина. Денот на оваа единица е 15-ти април, кога дошол првиот војник регрут во редовите на АРМ, 1992 година во касарната во Охрид. Тоа е велешанецот Панче Јамандиев, кој вели дека тоа се случило на 13-ти април, а во касарната влегол во 15 часот и 20 минути.
Целта на Командата за обука и доктрина лоцирана во велешка касарна, е создавање на НАТО офицери, подофицери и професионални војници. Низ програмите за обука, покрај регрутите од 1992 до 2006 година, подоцна поминаа и се обучуваа 39 генерации млади на доброволно служење на воениот рок. Обуката во првите години беше фокусирана на војници граничари, а подоцна се продолжи со обука на воен персонал.
Тука освен македонските државјани, него неколку години наназад се едуцираат и припадници од армиите на Косово, БиХ и Црна Гора. Во рамките на Командата е и воениот полигон Криволак.
Петар Печков
