Унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените
Општина Струмица започна со подготовка на Стратегијата за родова еднаквост чија цел е да обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење...

Општина Струмица започна со подготовка на стратегија за родова еднаквост кој претставува основен стратешки документ на со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените. Стратегијата се носи за период од 2022 до 2026 година.
Како поддршка во изготвувањето на истата е УН Воман кој со својот експертски тим придонесува кон донесување на оваа Стратегија која се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество.
На иста маса седнаа чинители од повеќе области, со цел Стратегијата да се изработи преку процес кој беше отворен за учество на сите чинители кои изразија интерес.
Стојне Митева
