Цените очекувано високи, адетите сепак остануваат
Граѓаните се подготвуваат за Велигден. Веќе не ги изненадуваат високите цени. Поскапувањата ги засенија оние традиционалните пред празникот. Но адетите остануваат, иако поскромно, мора да ги има. Етнолозите велат – расположението ќе се бара во значењето на празникот – како најрадосен...

На недела пред Велигден, раздвиженост на пазарот. Граѓаните веќе не се изненадени од цените. Поскапувањата ги засенија оние, традиционалните, пред празникот.
И продавачите не може да предвидат колку ќе чини велигденската трпеза, уште повеќе, онаа по неа.
Велигденските адети не се во опасност, ќе си ја задржат симболиката, ама поскромна
Етнолозите ги потврдуваат адетите, но атмосферата е променета. Иако по две години празниците доаѓаат со речиси целосно олабавени мерки, секојдневието е променето.
Расположението ќе се бара во значењето на Велигден. Како најрадосен празник.
Елизабета Митреска
