Македонија
Католиците го слават Велигден
17.04.2022 10:22
Велигден е празник на победата на доброто над злото, празник на повторно испружената рака на бога кон човекот. Ова е ден кога смртта е поразена и на човекот му се нуди живот вечен...

Христијаните кои се водат по Грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Велигден е празник на победата на доброто над злото, празник на повторно испружената рака на бога кон човекот. Ова е ден кога смртта е поразена и на човекот му се нуди живот вечен.
Синоќа во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје беше одржана миса и беше прочитана велигденската порака.
