Ковачевски по повод католички Велигден
Да ја негуваме силата за изградба на едно општество за сите, за мирољубива заедница во која се почитуваат верските слободи на сите нејзини граѓани, се вели во честитката по повод денешниот празник на премиерот Ковачевски...

Премиерот Ковачевски со честитка по повод празникот на католичките верници Велигден упати честитка до Бискупот Киро Стојанов. Со пораката за воскреснувањето – „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – ја славиме и надежта за победа над сите човечки состојби на страдање и неправда.
Со празникот Велигден, ја славиме и победата над сите човечки предизвици и искушенија низ кои поминуваме денес за да излеземе посилни и подобри.
Да ја негуваме силата за изградба на едно општество за сите, за мирољубива заедница во која се почитуваат верските слободи на сите нејзини граѓани, се вели во честитката по повод денешниот празник на премиерот Ковачевски.
