Од 16-ти до 18-ти мај за прв пат во земјава ќе се одржи „Виртуелен саем за практикантство“
Првата македонска ИТ платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за практикантство од 16-ти до 18-ти Мај ќе го одржи првиот „Виртуелен саем за практикантство“. Младите битолски организатори велат главната цел е да се подигне јавното мислење и надлежните да креираат политики за активните студентите и дипломци преку праксата да се едуцираат и да бидат активни на пазарот на трудот после дипломирањето...

На месец дена до одржувањето на првиот Виртуелен саем во земјава за практикантство интересот на завидно ниво и кај студентите и дипломците и кај компаниите. Кирил Поповски студент на четврта година на „ФИНКИ“ е само еден од досега најавените 300-та студенти кој ќе има можност виртуелно да се запознае околу практикантството кое е достапно кај 13 компании кои го потврдиле своето учество. Дипломецот вели ова е одлична алатка да се надоградува знаењето стекнато на факултетот.
Има соодветни мерки за активно невработените лица но мора да се фокусираме и го стимулираме практикантството во високото образование односно додека студентот е сè уште активен да може да пронајде пракса, да се едуцира и после дипломирањето работното место да го наоѓа тука а не надвор од државата, велат организаторите од првата наша платформа за вакво поврзување.
Од првата ваква македонска платформа велат, има сосема доволно време да се зголеми бројката на учесници и од двете страни. Напоменуваат дека саемот е отворен и за студенти кој не се дел од факултетите за информатичко комуникациски технологии.
Стевче Митревски
