Зависнички од психотропни супстанции, жртви на семејно насилство
Висок процент на жртви на семејно насилство се и зависнички од психотропни супстанции. Заштитата на маргините, а бројот се поголем. Останува отворено прашањето: Кои чекори се потребни за социјалните услуги да се унапредат?

Околу 25 проценти од жените кои употребуваат психотропни супстанции паралелно се и жртви на семејно насилство. Нашиот систем за превенција и заштита од семејно насилство не е доволно ефикасен за да се справи со семејното насилство и соодветно да одговори на потребите на жртвите генерално, а особено доколку жртвата се соочува со зависност. За поголема заштита неопходно е вклучување на граѓански организации кои нудат специјализирани сервиси за поддршка.
Професор Игњатова, раководител на Оддел за превенција и третман на зависност од дроги „А“ при Медицински факултет Скопје смета дека поради присуството на разни форми на насилство врз жени зависнички од дроги, секогаш постои дополнителен ризик од ново насилство што може да се намали со навремено обезбедување на безбедно сместување.
Процесот на рехабилитација и зајакнување на корисничките на дроги е попречен од недостатокот на програми за психотерапија кои би можеле да им помогнат во надминувањето на преживеаната траума. Поради недостаток на обучен персонал, Јавниот здравствен систем не им обезбедува соодветна помош, па овде огромна улога имаат Граѓанските организации кои работат со ранливи групи и нудат бесплатни и доверливи услуги за зајакнување на нивните корисници.
Стојне Митева
