Македонија

Младите бараат да се слушнат нивните потреби

17.04.2022 12:59

Младите бараат да се слушнат и да се реализираат нивните потреби, да ги вратат социјализацијата и самодовербата. Тоа е еден чекор да се забави галопирачката миграција. 50-тина млади од пелагониско имаат можност да ги реализираат своите иницијативи и желби. Во спротивно, нема да се задржат..

Да се поддржат иницијативноста и самодовербата кај младите. Дека умеат да го создадат она што им треба и да знаат дека му се потребни на општеството. Ова е чекор за да се забават галопирачкото иселување и миграцијата.

50-тина млади од Пелагониско, главно од помалите места, се најдоа заедно во Крушево. Работат на проектот „Зајакнување на луѓето во Пелагонија“.

Младите сакаат да ја вратат загубената социјализација. Пресудно е да се слушнат нивните потреби

Локалните власти се подготвени да помогнат, гимназијата од есен ќе добие прва дуална паралелка за угостители

Ако државата сака да ги задржи младите, треба да ги задоволи нивните потреби.

Елизабета Митреска