Образование - Штрајк

СОНК денеска заседава, учениците во исчекување

17.04.2022 13:12

По седницата на Синдикатот ќе биде испратено барањето до Владата според кое треба да се зголемат платите за 10 насто, во мај односно во јуни годинава...

Советот на СОНК денеска треба да заседава и да заземе став за натамошното продолжување или прекинување на штрајкот. По седницата на Синдикатот ќе биде испратено барањето до Владата според кое треба да се зголемат платите за 10 насто, во мај односно во јуни годинава.

Предупредување до лидерот на Синдикатот Неделков пристигна од професори кои настојуваат да се испочитува првичното барање од 18,4 насто. Доколку за барањето од СОНК не се изјаснат повеќе од половината од членството, штрајкот продолжува.

На последната заедничка средба во Владата од СОНК изјавија дека сè уште не добиле конкретен предлог за зголемување на платите и оти до крајот на викендов ќе биде решено дали штрајкот ќе се стави во мирување. На последниот состанок во Владата било договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира со ребалансот на буџетот.