Избор за градоначалник

Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 8,38 отсто

17.04.2022 13:47

Во општина Центар Жупа денеска се одржуваат избори за градоначалник, откако на локалните одржани на 17-ти октомври минатата година немаше цензус од 33 насто...

Во општина Центар Жупа денеска се одржуваат избори за градоначалник, откако на локалните одржани на 17-ти октомври минатата година немаше цензус од 33 насто.

Во 7 часот беа отворени сите 16 гласачки места и изборниот тек се одвива без проблеми. Во избирачкиот список со право на глас се запишани 7 илјади 77 избирачи.

До 11 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 8,37 насто, односно гласале 593 гласачи.