Цветници
Православните Христијани денеска го слават празникот Цветници
17.04.2022 13:58
Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим каде што е пречекан срдечно постилајќи му го патот со маслинови гранчиња...

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страданија, смртта и Воскресението.
Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим каде што е пречекан срдечно постилајќи му го патот со маслинови гранчиња.
Во сите Православни храмови во земјава се богослужеше Света литургија, а верниците имаа можност да ја примат Светата тајна причест.
