Македонија

Влада: СОНК ги става личните интереси, пред интересите на децата

18.04.2022 09:15

Со штрајкот ќе биде продолжена наставната година, а на штрајкувачите за време на протестот ќе се исплаќаат само придонесите на платите...

Одбиеното покачување од 2.500 денари значи дека СОНК ги става личните пред интересите на децата, се вели во реакцијата на Владата на одлуката на синдикатот. Оттаму потсетуваат на неколкукратното покачување на платите во овој сектор и во училиштата и во градинките.

Во изминатиов период, министерството во образовната дејност вработи над 2.300 наставници, соопштуваат од Владата, посочувајќи дека никој нема право да ги урива загарантираните уставни права на децата.

Со штрајкот ќе биде продолжена наставната година, а на штрајкувачите за време на протестот ќе се исплаќаат само придонесите на платите согласно со колективниот договор, реагираат во Владата по одлуката на СОНК штрајкот да продолжи.