Собрание
Седници на четири собраниски комисии
18.04.2022 09:27
На дневниот ред на Комисијата за надворешна политика се законите за ратификации на неколку меѓудржавни договори.

Од Собранието најава за одржување седници на четири комисии. Ќе заседаваат комисиите за надворешна политика, за политчки систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство и за транспорт, врски и екологија.
На дневниот ред на Комисијата за надворешна политика се законите за ратификации на неколку меѓудржавни договори.
Членовите на Комисијата за земјоделство ќе ги разгледаат предложените законски измени на законите за шуми, за Државниот инспекторат за земјоделство и за шумарска и ловна инспекција.
