Центар Жупа останува без градоначалник
Излезноста достигнала 29,96 насто од електоратот во општината, односно гласале 2.120 граѓани со право на глас од вкупно 7.077 запишани на избирачкиот список.

На локалните избори во Центар Жупа, според Државната изборна комисија, победил Аријан Ибраим, кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија, со освоени 1.887 гласови. Шаин Шаќир од движењето за Национално единство на Турците освоил 165 гласови.
Излезноста достигнала 29,96 насто од електоратот во општината, односно гласале 2.120 граѓани со право на глас од вкупно 7.077 запишани на избирачкиот список.
Неофицијално, до утврдувањето на конечните резултати, Центар Жупа и во повтореното гласање останува без градоначалник поради необезбедениот цензус од најмалку една третина излезност. Претходните локални избори се одржаа лани на 17-ти октомври.
