Македонија

ЈП ПОЦ повторно ја отвора канцеларијата за прием на странки

18.04.2022 09:41

Отсега, корисниците на услугите на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе можат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти и да поднесуваат рекламации и приговори исклучиво на шалтерите во канцеларијата за прием на странки којашто се наоѓа на прв кат во дирекцијата на претпријатието во катната гаража „Судска палата“...

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од денес, повторно ја отвора канцеларијата за прием на странки во дирекцијата на претпријатието која согласно донесените одлуки и препораки од Владата на РСМ, на 12.03.2020 година, беше затворена како превентивна мерка за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19.

Отсега, корисниците на услугите на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе можат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти и да поднесуваат рекламации и приговори исклучиво на шалтерите во канцеларијата за прием на странки којашто се наоѓа на прв кат во дирекцијата на претпријатието во катната гаража „Судска палата“. Канцеларијата за прием на странки ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, информираат од ПОЦ.

Исто така, корисниците и понатаму ќе можат по електронски пат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, данајавуваат гостински регистрации преку новата Green Pay картичка, да извршат електронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет и други типови на билети, преку веб платформата www.poc.mk или ПОЦ мобилната апликација која може да се преземе на App Store и Play Store.