Земјоделство

Без системи за наводнување Македонија не може да произведе доволно сончоглед за сопствените потреби

18.04.2022 09:46

За три децении површините под сончоглед во земјата се намалени повеќе од десет пати. Владата најави интервентни мерки за враќање на сончогледот на полињата, но без системи за наводнување во Овчеполието родот е неизвесен. Според деканот на Земјоделскиот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“, во Пелагонија треба да се зголемат површините со профитабилната земјоделска култура...

Од 46 илјади хектари под сончоглед во деведесеттите, до само 4.000 хектари во 2014-та. Во подрачја каде нема интервентно заливање, родот зависи од климатските услови. Приносот варира од 470 до рекордни 1.900 килограми произведени во 2010-та. Состојбата може да се подобри со избор на хибриди со висока родност и со рана сеидба на почетокот на март, но пресудно, сепак е наводнувањето, вели професор Љупчо Михајлов, експерт за маслодајни култури.

За рентабилно производство, приносот би требало да биде околу 1.300 килограми по хектар, што без систем за наводнување во Овчеполието е трешко остварливо. Земјоделците овде би требало да размислуваат за одгледување на други маслодајни култури.

Како надополнување на сончогледот, професор Михајлов ги препорачува маслодајната репка и сусамот.

 

Славица Величковска