Македонија

МВР: 192 санкции за брзо возење

18.04.2022 10:53

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 72 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.