МВР: 168 санкционирани возачи во Скопје, 43 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол, соопштуваат од МВР...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол, соопштуваат од МВР.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за непочитување на првенство на минување, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат, граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
