Продолжува да се намалува бројот на заболени со Ковид-19
Регистрирани се 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9...

Во болниците моментално се хоспитализирани 55 болни од Ковид-19, тоа е за 12,7% помалку од минатата недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од нив, 21 се на кислородна поддршка, нема пријавено лица на механичка вентилација.
Двајца починати за една недела, 81,8% помалку во однос на претходната. Продолжува да се намалува бројот на тестирани за Ковид-19 и на заболени. Биле тестирани 12.663 граѓани, што е намалување од 12,3 проценти во однос на претходната.
Регистрирани се 806 нови позитивни од 27 градови во државата, со намалување од 26,9 отсто. Процентот на позитивност се движи околу 5,9.
Најголем дел од регистрираните болни се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола. Во седум градови вчера немаше активни болни со коронавирус: Дојран, Дебар, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица, Македонски Брод и Богданци.
Меѓу заболените има од сите возрасни групи, најмногу се над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица, 25,9% помалку во споредба со претходната седмица. Имало 130 реинфекции, со намалување од 24,9%.
