Македонија
Приведено лице барано со централна потерница за издржување затворска казна
19.04.2022 09:29
Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик..,

На 18.04.2022 во 15.00 часот во с.Идризово, скопско, полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Гази Баба – Потраги го лишиле од слобода е Х.М.(32) од с.Идризово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
