Продолжува штрајкот во училиштата и градинките
СОНК тврди имаат притисоци, но остануваат на своето барање за зголемување на платите.

Продолжува штрајкот на просветните работници. СОНК тврди имаат притисоци, но остануваат на своето барање за зголемување на платите.
„Уцена на штета на образованието на учениците“, соопшти премиерот Ковачевски по одлуката да не прифатат раст на платите од 10 насто. Според Владата, од 2017-та година до денес, платите во образованието се покачени за 21%. Со овие дополнителни 10% тоа би биле 31% покачување.
И министерката за труд и социјална политика Тренчевска вели дека СОНК треба да ја прифати понудата на Владата за покачување на платите за 10%, со што од 2019-та до сега платата на вработените во градинките би им се зголемила за повеќе од 30%.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, бара да не се понижуваат наставниците.
