Македонија

Редовна 40-та владина седница

19.04.2022 09:46

На оваа седница на дневен ред е Информацијата за подготовка на Осумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика, кој ќе се одржи на 28 април 2022 година.

Владата денеска ќе ја одржи редовната 40-та седница, информираат од владината прес- служба. На оваа седница на дневен ред е Информацијата за подготовка на Осумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика, кој ќе се одржи на 28 април 2022 година.

Членовите на Владата ќе бидат запознаени и со Информацијата за склучена Програма за соработка на полето на образованието и науката меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за периодот 2022-2025 година.