Македонија

Муцунски: Заменски наставници нема, да се најде решение во рамки на социјалниот дијалог

19.04.2022 12:58

Градоначалникот на Општина Аеродром апелираше владата и синдикатите да најдат разумно решение во рамките на социјалниот дијалог...

Заменски наставници во земјава нема, вели првиот човек на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Апелираше владата и синдикатите да најдат разумно решение во рамките на социјалниот дијалог.

„Јавноста треба да знае дека нема заменски наставници во Република Македонија. Ние сме барале и кога некој наставник е објективно отсутен, или некоја наставничка оди на породилно отсуство. Ние имаме проблеми да обезбедиме наставник во некоја специфична област, како на пример што е математиката. Не е прашање дали ние како општина сакаме или не сакаме да обезбедиме заменски наставници, прашањето е дали постојан толкав број заменски наставници земајќи го предвид огромниот број на наставници кои штрајкуваат“, вели Муцунски.

Муцунски истакна дека платите се ниски на просветните наставници во основното, средното и високото образование. Додаде дека владата требало да биде свесна дека кога презема одредени чекори тие создаваат реперкусии и врз другите дејности во државата и сега наместо да има политички прес-конференции и префрлање на вина, посочи дека треба да седнат и да најдат решение.