Македонија

Централен регистар: Не е поднесена жалба против решението за упис на здружението Културен центар „Иван Михајлов“-Битола

19.04.2022 13:27

Согласно досегашната практика, Централниот регистар соопшти дека не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички економски, социјални и други права.

Во врска со уписот на основањето на здружението Културен центар „Иван Михајлов“-Битола, се огласи Централниот регистар. По комплетирање на целокупната документација на 15-ти март годинава Централниот регистар донел решение за упис на основањето на здружението.

Во отсуство на издадено решение за согласност од страна на Министерството за правда кон пријавата за упис до Централниот регистар е доставено известување од ресорот за правда дека тоа не води регистар на историски личности, односно е констатирано дека не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност.

Согласно досегашната практика, Централниот регистар соопшти дека не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички економски, социјални и други права.

Досега не е поднесена жалба против решението за упис, ниту пак пред Уставниот суд е поведена иницијатива за оценка на уставноста на основачките акти на здружението, соопшти Централниот регистар.