Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Случаен или намерен пожарот кај поранешната фабрика Треска? Што се готви да никне на нејзино место? Кој ќе профитира од пламените јазици? Беа само дел од реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по повод минатоденелниот пожар кој за среќа не зема човечки жртви. Се готви ли навистина нешто и каков е одговорот на првиот човек на Општина Центар, Горан Герасимовски на темата дознаваме во утринската програма...
Министерството за труд и социјална политика со низа проекти со кои се подобрува статусот на лицата со попречености во земјава. За актуелните проекти дознаваме од Душан Томшиќ – советник во Министерство за труд и социјална политика.
Сонцето како главен извор на витамин Д во организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, влијае врз менталното здравје, го подобрува расположението. Но, прекумерното или неконтролирано изложување на сонце го зголемува ризикот на оштетување на кожата. Д-р Горица Дачевска - специјалист дерматовенеролог ни дава практични совети како да ја заштитиме кожата од штетното влијание на ултравиолетовите зраци.
Случаен или намерен пожарот кај поранешната фабрика Треска? Што се готви да никне на нејзино место? Кој ќе профитира од пламените јазици? Беа само дел од реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по повод минатоденелниот пожар кој за среќа не зема човечки жртви. Се готви ли навистина нешто и каков е одговорот на првиот човек на Општина Центар, Горан Герасимовски на темата дознаваме во утринската програма.
По успешниот почеток на новата концертна сезона на Танец „Печат на времето“, со серијата прекрасни концерти низ земјава, вчера одржан уште еден спектакуларен во низата – Велигденскиот во Националната опера и балет, со што Танец уште еднаш потврди зошто го носи епитетот најголем амбасадор на културното наследство од државата. За концертот кој е само еден во низата домашни и најавени меѓународни концерти, разговараме со Бранка Костиќ – Марковиќ, уметнички раководител на „Танец“.
„Македонија наутро“ почнува во 06:45.
