Европската комисија без коментар за посетата на бугарската делегација и за условите на Софија
Останува неодговорено прашањето дали условите што ги поставува Софија , како промена на Уставот пред стартот на преговорите со ЕУ, промена на учебниците – се услови што ги одобрува Европската комисија...

Европската комисија останува на ставот дека Бугарија и Северна Македонија треба да изнајдат „заедничко прифатливо решение“ за спорот, но одби да даде коментар за билатералните услови во ЕУ процесот, пренесува МИА.
Нашата дамнешна позиција е дека и Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на пристапните преговори, како што знаете следните чекори се во рацете на Советот, од наша страна јасно продолжуваме да ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија да постигнат заеднички прифатливо решение за постоечките билатерални прашања и се надеваме дека ќе видиме што е можно поскоро отворање на формалните пристапни преговори со двете земји, што поскоро, изјави портпаролката Ана Писонеро.
Останува неодговорено прашањето дали условите што ги поставува Софија , како промена на Уставот пред стартот на преговорите со ЕУ, промена на учебниците – се услови што ги одобрува Европската комисија иако е јасно дека тие не се дел од Копенхашките критериуми, кои Комисија е должна да ги почитува како чувар на Повелбите на ЕУ.
