Македонија

„Недела- неработен ден“ утре пред Уставен суд

19.04.2022 14:29

Во иницијативата Стопанската комора наведува дека уредувањето на работата во недела е спротивно на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи утре ќе се најде пред Уставниот суд.

Во иницијативата Стопанската комора наведува дека уредувањето на работата во недела е спротивно на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Според бизнис заедницата, со ова законско решение работодавачите на кои им се забранува работа во недела се ставаат во нееднаква правна положба со работодавачите од дејностите на кои им се дозволува работа во недела.