Политика

Законот за армијата заглави во собраниска процедура

19.04.2022 14:43

Спикерот Џафери повикувајќи се на Деловникот одби на седница да ги стави измените кои ги предлага опозицијата. Од ВМРО – ДПМНЕ пак, велат за закон по скратена постапка не важат одредени членови во Деловникот.

Измените во Законот за армијата заглавени во собраниската процедура. Спикерот Џафери повикувајќи се на Деловникот одби на седница да ги стави измените кои ги предлага опозицијата. Од ВМРО – ДПМНЕ пак, велат за закон по скратена постапка не важат одредени членови во Деловникот.

Опозициската партија со измените во Законот за армија предлага измени во пензионирањето на воените лица, нивно прераспределување на други работни места, но и добивање отпремнина.

За Социјал- демократите измените во законот се лицемерие на опозицијата која го блокира цела година законот, кој тие го поднеле со исти измени.

Независниот синдикат на одбраната по средба со министерката Петровска информира дека во дијалогот им било ветено да се покренат измени во законот за армијата со кои маж би одел во пензија со 40, а жени со 38 години стаж, без оглед на возраста.

Миле Ристески