МОН: Правата на децата имаат предност кога има судир на две уставно загарантирани права
Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно – образовниот процес не треба да трпи последици...

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно – образовниот процес не треба да трпи последици. Ова го изјави Народниот правобранител Насер Зибер, одговарајќи на новинарско прашање по однос на мислење за штрајкот на СОНК по денешниот заеднички настан со Министерството за образование и наука посветен на инклузијата на образовниот систем.
Народниот правобранител вели треба да се внимава на дигнитетот на наставниците и на сите вработени во образование, што подразбира и подобрување на нивната материјално финансиска состојба и затоа, како што рече упатил апел до Владата да продолжат преговорите со синдикатот и што поскоро да се најде решение за да нема последици по воспитно – образовниот процес. Информираше дека до институцијата не се доставени претставки за попречување на правото на штрајк, туку само за попречување на правото на образование.
Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека МОН и Владата се подготвени во секој момент да ги продолжат преговорите со СОНК и да се најде излез од ситуацијата која не оди во прилог на учениците.
Шаќири реагираше дека одредени членови на СОНК шират дезинформации во јавноста со кои го поткопуваат процесот на преговарање и упати апел ваквите постапки да престанат за да се изнајде решение час поскоро.
