Меморандум за соработка

Тренчевска-Дуев: Меморандумот за соработка е потврда за нашите заложби и продлабочување на меѓусебната соработка

19.04.2022 16:21

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. Д-р Ратко Дуев, денес потпишаа Анекс кон Меморандум за соработка помеѓу Филозофскиот факултет и Министерството за труд и социјална политика...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и деканот на Филозофскиот факултет при УКИМ, проф. Д-р Ратко Дуев, денес потпишаа Анекс кон Меморандум за соработка помеѓу Филозофскиот факултет и Министерството за труд и социјална политика. Потпишувањето на овој документ претставува продолжување на воспоставената соработка и нејзино проширување преку апликација и имплементација на заеднички проекти, подобрување на стандардот за студирање на студенти, особено од маргинализирани групи.

„Очекувам плодна соработка помеѓу институциите, со која ќе создаваме кадри кои ќе можат успешно да се пласираат на пазарот на трудот. Соработката е во насока на зајакнување на сите аспекти на функционирањето на факултетот заедно со министерството,“ рече министерката Тренчевска.