Еко активистите реагираат

Исечени дрвја при реконструкција на улица во Тетово

19.04.2022 17:13

По повеќе месечна пауза продолжи реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово. Но механизацијата утринава го откорна дрворедот долж тротоарот, на што наиде на остра реакција од еколошките организации. Во недостиг на зеленило во градот велат, се сечат и тие дрва кои останаа. Општината се правда дека таков бил проектот, со ветување дека ќе се засадат нови...

Повеќедецениските раскошни дрва долж улицата „Страшо Пинџир“ заминаа во историјата. Општината одлучила тие да не бидат дел од новиот реконструиран пат, кој како што рекоа ќе биде најмодерен во градот.

Еко активистите додека градоначалникот Биљал Касами вршеше увид на градежните активности, побараа одговорност за уништувањето на зеленилото и стопирање на сечата на дрвата на останатиот дел од улицата.

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами, вели дека ќе се засадат нови дрва, согласно новиот проект. Според него непотребно се создава амбиент, дека општината уништува зеленило.

Дрворедот на делницата „Страши Пинџур“ беше еден од ретките во градот, кој од година вгодина се повеќе се бетонизира и асфалтира.

Зоран Димовски