„Ванчо Михајлов“

Централниот регистар за уписот на здружението во Битола

19.04.2022 17:53

Во отсуство на издадено решение од Министерството за правда кон пријавата е доставено известување дека тоа не води регистар на историски личности и не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност, се вели во соопштението на Централниот регистар...

По комплетирањето на документацијата на 15 март годинава донесено е решение за упис на здружението „Ванчо Михајлов“, соопштуваат од Централниот регистар во Битола. Пријавата за основање била доставена во 2019-та од лицето Љупчо Георгиевски.

Во отсуство на издадено решение од Министерството за правда кон пријавата е доставено известување дека тоа не води регистар на историски личности и не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност, се вели во соопштението на Централниот регистар.

Додаваат дека не можеле да го спречат загарантираното уставното право на граѓаните за слобода на здружување, а досега не е поднесена ниту жалба против решението.