Влада

Влада: Јани Макрадули да биде отповикан од должноста претседател на Управен одбор

19.04.2022 18:36

На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања...

На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избера Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.