Образование - Штрајк
Неделков: СОНК ќе го анализира ставот на Владата, дотогаш штрајкот продолжува
19.04.2022 20:16
Советот на СОНК утре ќе одржи седница на која ќе направи детална анализа на ставот на Владата и ќе се произнесе по него, изјави денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков...

Советот на СОНК утре ќе одржи седница на која ќе направи детална анализа на ставот на Владата и ќе се произнесе по него, изјави денеска претседателот на СОНК Јаким Неделков по одлуките кои денеска ги донесе Владата во однос на состојбите во основните и средните училишта предизвикани од штрајкот на вработените.
„Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, напиша Неделков.
