МВР

Оперативно- тактичка вежба „Пролет-22“ на македонската полиција

20.04.2022 09:31

Според сценариото, способноста ќе ја покажат во интервенција на спортски натпревар, кој е прогласен од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица како и присуството на организирани и неорганизирани навивачки групи. Ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Денеска ќе се одржи оперативно-тактичката вежба „Пролет-22“ на македонската полиција, прва од ваков обем во земјава. Припадници од повеќе оддели во МВР ќе ги претстават подготвеноста, професионалноста и тимската работа на при вршење на задачите од областа на безбедноста.

Според сценариото, способноста ќе ја покажат во интервенција на спортски натпревар, кој е прогласен од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица како и присуството на организирани и неорганизирани навивачки групи. Ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На вежбата ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјата. Вежбата е во контекст на концептот „Полицијата – вистински сервис на граѓаните“.

Директниот пренос од вежбата „Пролет-22“ ќе може да го следите на МРТ1 од 13 часот.