Штрајкот продолжува, СОНК денеска ќе го анализира ставот на Владата
Владата остана доследна на најавеното. Штрајкувачите во образованието нема да примаат плати, туку само придонеси. Оформена е работна група со вицепремиери и министри за дијалог со синдикалците.

СОНК денеска на седница детално ќе го анализира ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш од синдикатот почачуваат дека штрајкот продолжува.
Владата остана доследна на најавеното. Штрајкувачите во образованието нема да примаат плати, туку само придонеси. Оформена е работна група со вицепремиери и министри за дијалог со синдикалците.
Владата на седница ги задолжи министерствата за образование и наука и труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и во градинките за 10 проценти.
Го повикаа Самостојниот синдикат за образование и наука да го прифати ова покачување и во интерес на децата да продолжи образовниот и згружувачкиот процес.
Исто така, министерствата добија обврска да ги искористат сите законски можности за да обезбедат продолжување на наставата во образовните установи во услови на штрајк.
